Почна "трката" за студентско сместување

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 13:12

Со електронско пријавување до еден од 5.496-те студентски кревети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рокот за електронско пријавување на редовните студенти од втора и повисоките студиски години за сместување во студентските домови во академската 2018/2019 година трае до 15-ти август а за студентите од прва година ќе биде од 7-ми до 14-ти септември.

Според Конкурсот во 11 студентски домови во Скопје  Битола – Охрид – Штип – Прилеп и Пробиштип слободни се вкупно 5.496 легла.

Од нив 1.103 легла се за тие што ќе се запишат во прва година на факултет по уписот на крајот од месецов [ прв уписен рок 30-ти и 31-ви август ] а останатите 4.393 легла се за студенти од втора – трета четврта – петта и шеста студиска година.

Во Скопје најголем број легла има во домот “Стив Наумов” вкупно 1.359 во трите згради и во новите бараки. Во “Пелагонија” има 980 во студентскиот дом “Гоце Делчев” каде сместувањето ќе биде само во реновираните блокови А и Б слободни легла има 608 во домот “Кузман Јосифовски Питу” 490 и во домот “Томе Стефановски Сениќ” ќе може да се сместат вкупно 577 редовни студенти.

Во студентскиот дом “Кочо Рацин” во Битола слободни се 385 легла во “Никола Карев” во Охрид 231 во “Орде Чопела” во Прилеп 285 во студентскиот дом “Доне Божинов” во Пробиштип има 130 легла и во четири студентски домови во Штип [ еден државен и три приватни ] има вкупно 451 легло за сместување студенти.

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет страницата www.konkursi.mon.gov.mk. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...