На јужниот сосед малку му е што нашите граѓани летуваат во Грција, па почнаа и организирано да ни ги ограбуваат туристите, Европски, нема што

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 7:45

Со спреј за спиење ограбени четири македонски семејства во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Грција во вила во која биле сместени македонски семејства била извршена кражба на познат стар начин со спреј за спиење.

Си спиевме ноќеска во соба сабајле станувако сите пари од новчани ги нема друго се на место. Пријавивме на газдарицата превртува очи како не е изненадена и уште не обвинува дека сме ги изгубиле на плажа. После саат време доаѓаат уште 5 соби пријавуваат дека се ограбени. Сите исто кога си легнале со заклучени врати, пишуваат дел од жртвите на кражбата.

Интересно е што крадците зеле само пари иако имало и златен накит. Овој начин на крадење е познат во Грција од поодамна. И полицијата знае, но никој ништо не може да стори.

Кога ќе заспијат гостите, вештите крадци под вратата им прскаат посебен спреј кој ги доведува во длабок сон и ништо ни слушаат ни чувствуваат. Тие слободно оперираат и крадат само пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.