Западнонилската треска однесе уште четири животи во Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 7:06

Србија: Од западнонилска треска досега починаа 15 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четири лица починаа од западнонилски треска во Србија во текот последната недела со што бројот на жртвите од болеста од почетокот на годината достигна 15 лица.

До сега 159 луѓе во Србија заболеа од западнонилска треска.

Вирусот на таа болест првпат е регистриран во земјата во 2012-та година и од тогаш до 2017-та година беа пријавени 574 случаи на западнонилска треска а 61 од болните починале.

Западнонилска треска е сезонска болест и е забележана во периодот на најголема активност на комарците. Во Европската унија оваа година се регистрирани 273 случаи на заболени од западнонилска треска во Италија – Грција – Унгарија – Романија – Франција и Хрватска. Деветмина од пациентите починале само изминатата седмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.