Објавил: Магазин | 27 април, 2018 20:45

Стинг и Шаги снимија заеднички албум „44/876” инспириран од Јамајка

Фото/Текст извор: ©

Каква комбинација. Стинг и Шаги го објавија новиот заеднички студиски албум „44/876”, најавен со песните „Don’t Make Me Wait”, „Morning Is Coming”, „Waiting For The Break Of Day” и истоимената „44/876”.

Новиот албум ја рефлектира љубовта што оваа дуо ја чувствува кон Јамајка – нејзината музика, духот на луѓето и културата. Албумот доаѓа во стандарден дигитален и CD формат и дигитален делукс и супер делукс физичко издание.

Шаги и Стинг се запознале преку заеднички соработник, Мартин Кирценбаум, сегашниот менаџер на Стинг. Откако Стинг ја слушнал песната на која работел Шаги, тие одлучиле заедно да одат во студиото. Првично, планот бил да се сними само „Don’t Make Me Wait”, но ритамот, зборовите и мелодиите толку ги обземале и двајцата што одлучиле да снимат повеќе песни. Неколку недели дуото создавало музика во Њујорк, каде го споиле ритамот на Карибите со традиционалните модерни стилови, поп и рок.

Во студиото им се придружиле уметници од Јамајка и Њујорк, како што се Роби Шекспир, Двејн Шипи, Шејн Хусонг, Патекс, Тирантула, но и долгогодишниот гитарист на Стинг, Доминик Милер. Продукцијата е на  „Sting International”, со кои Шаги соработуваше на песните „Boombastic” и „It Wasn’t Me”, а извршен продуцент на горенаведените е Мартин Кирценбаум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.