Стинг повторно во Скопје наредната година на 2 јули - 2019 година. Музичкиот спектакл ќе се одржи во арената "Филип Втори".

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2018 19:07

Британскиот музичар “Стинг” повторно во Македонија 2 јули – 2019

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Авалон продукција повторно ќе го донесе Стинг во Скопје. На 2 јуни наредната година на „Филип Втори” арената ќе настапи Стинг во рамките на турнејата „Моите песни“.

Музичката светска рок ѕвезда Стинг,  ќе презентира уште еден незаборавен спектакл во Скопје пред Македонската публика, наредната 2019 година.

Во рамките на својата 57th & 9th турнеја го посети Скопје. На 15 Октомври 2017 одржа концерт пред околу 3000 посетители во Вип арената.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19 декември) во 9 часот наутро, а цените ќе се објават вечерва во 21 часот.Авалон продукција во 2019 година во Скопје ќе ги донесе и Лени Кравиц и Ерос Рамацоти. Во декември 2014 година, Стинг бил еден од добитниците на традиционалните признанија што ги доделува Центарот за сценски уметници „Џон Ф. Кенеди“. На церемонијата, одржана во Белата куќа, наградата му ја врачил американскиот претседател Барак Обама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...