Иронија е да се осуди Никола на две годишна казна затвор за набавка на мерцедесот со кој Заев денес ќе го вози Столтенберг низ Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 13:41

Столтенберг со мерцедесот за кој му се суди на Груевски ќе помине покрај народот кој протестира за поддршка на екс премиерот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред апелациониот суд во Скопје во знак на револт на постапувањето против Никола Груевски, почна да се собира народ, иако Груевски не е во судот во кој се одлучува.

Како што вчера најави на прес-конференција, Никола Груевски и неговите 4 адвокати денес не се појавија во Апелациониот суд во Скопје на закажаната седница.

Всушност од 4 адвокати, дури на тројца им е закажано друго судење на случаи од СЈО во исто време,  на кое ако не се појават имаат јавна закана дека ќе бидат казнети со огромни парични казни.

Слично беше и минатиот пат кога сите 4 адвокати на Груевски имаа ваква обврска и закана, а Апелациониот суд дискриминирачки оцени дека Груевски не мора да има адвокат и ја продолжи седницата држејки го 11 часа без адвокат во судот.

Во вчерашната изјава Груевски кажа дека тој нема адвокат, туку адвокатски тим каде секој од 4-те адвокати е фокусиран на различен дел од одбраната.

Претходно, пред оваа седница адвокатите на Груевски доставиле преставка за изземање на Катица Јанева, но истото беше одбиено.

Во судницата има само еден адвокат Стерјо Зиков, но тој во овој случај не е ангазиран и не е адвокат на Никола Груевски, туку само на другиот обвинет Ѓоко Поповски.

Вештакот ангажиран од СЈО во првостепениот суд даде вештачење дека фирмата која го набавила блиндираниот мерцедес не направила никаков екстра профит, и дека нема никаква штета од набавката, заради што СЈО воопшто не го терети Груевски за тоа.

Во истиот Мерцедес токму денес ќе се превезува шефот на НАТО Јан Столтенберг, утре во петок канцеларот на Австрија Себастијан Курц, а во сабота канцеларката на Германија Ангела Меркел. Кога нема странски гости Заев го користи возилото за превоз, исто како и Груевски во минатото, како што и самиот изјави дека го превезувале во тоа возило кога неговото амортизирано возило било на сервис или кога одел на подолго патување.

Апелациониот суд се наоѓа пред тешка задача и заради уште една причина. Гонењето против Груевски е застарено. Има и релативна и апсолутна застареност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.