Стопанска комора на Македонија во одбрана на непотизмот на вицепремиерот со порака да се престане да се напаѓа Анѓушев затоа што тој бил најдоброто решение

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 7:39

Стопанска комора е непартиска колку што Анѓушев е навладин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Да престане практиката на јавни прозивки на компаниите во политички контекст и изнесување паушални констатации кои им нанесуваат штета на угледот.

Фирмите треба да се оценуваат единствено преку критериумите на квалитетот на нивните производи и конкурентноста на понудените цени. Ако пак постојат можни сомневања за евентуален конфликт на интереси да бидат изнесени пред надлежните државни органи и да бидат спроведени сите потребни дејства во насока на нивно расчистување апелира Стопанската комора на Македонија.

Во писмен допис Комората објаснува зошто стои зад Кочо Анѓушев кој бил и токму нејзин предлог за вицепремиер задолжен за економски прашања.

Воедно оценува дека Анѓушев е еден од најактивните членови на Владата кој со својот ентузијазам – упорност и иницијативност дејствува во рамки на очекувањата на Комората за спроведување на неопходните чекори за промена на концептот на економски развој.

“Иницијативата на тогашниот мандатар Зоран Заев функцијата заменик за економски прашања да биде понудена од бизнис заедницата ја оценивме како многу добра но мора да нагласиме дека и тогаш се водеше конструктивна дебата во рамки на Комората околу можниот судир на надлежностите на носителот на таа функција бидејќи однапред беше јасно дека околу тоа прашање ќе има различни толкувања.

Во таква ситуација Стопанската комора се одлучи да предложи најдобро персонално решение кое потекнува директно од производна и извозна компанија согласно програмските определби и стратешките документи усвоени од страна на Комората. Едногласно беше утврдено дека тоа ќе биде проф. д-р. Кочо Анѓушев со оглед на фактот дека барањата на Комората од новата Влада беа целосна промена на концептот на економски развој во насока на спроведување на процесот на реиндустријализација и унапредување на извозните потенцијали на македонската економија со максимална поддршка на успешните компании.” – објаснува Комората.

При тоа дополнува се имале предвид стручноста – професионалноста и реализираните резултати на Анѓушев во приватниот сектор изразени преку растот на компаниите во кои бил сопственик или управител но и неговата доследна посветеност на целите на коморското организирање и работење во Македонија одразено преку неговиот активен ангажман во органите и телата на Стопанската комора и посветеноста кон подобрувањето на состојбите во македонската економија.

“Даваме целосна поддршка на активностите на Владата кои треба да придонесат за зголемување на домашните и странските инвестиции – пораст на вработеноста – зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор – зголемување на извозот и регионалната поврзаност – пораст на БДП – забрзување на економскиот раст кои во крајна линија треба да овозможат и подобар животен стандард во земјата.” – кажуваат од Стопанската комора на Македонија.

Стопанска комора на Македонија ги наброја сите економски сфери каде Владата на Заев и Анѓушев оствари загуби и не доведе пред банкрот. Стопанска комора на Македонија со ова јавно стои на ставот дека го одобрува партиското доделување на грантови – тендери и државни пари на компании на Анѓушев што е казниво и со Закон како судир на интереси но е и Кривично дело. Можеби Стопанска комора на Македонија треба да си го земе Анѓушев за претседател?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.