Азески по чиј предлог во Владата Заев го прими Анѓушев треба да каже дали ги одобрува милионите евра државни пари кои преку тендери влегоа во приватните фирми на Кочо

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 14:38

Стопанска комора стана експозитура на Заев?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Срамен беше денешниот чин и начин на обраќање на претседателот на Стопанска Комора на Република Македонија, Бранко Азески кој на седница на членовите пред премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев изјави “Бизнисот ќе ви го штити грбот, премиере!”

Силна поддршка од бизнисмените од Стопанската комора доби премиерот Зоран Заев да истрае на патот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, што подразбира и поддршка за успешен референдум. Бизнисмените, како што рекоа, очекуваат и политичко помирување за да им се создадат безбедни услови за работа.

Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот ‘Александар Палас’ нa Штерјо Наков и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБ-а за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото.

Нe уверивте во потребите бизнис заедницата да ги поддржи напредните идеи на државата. Ги знаеме и ги цениме сите напори што ги направивте во изминатиот период. Бизнисот поддржува напредни идеи и ќе Ве штити на патот на интеграциските процеси – му даде ветување претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на премиерот Зоран Заев на денешната трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и во НАТО.

Од Комората тоа и сликовито го прикажаа со три подароци за премиерот: маичка со ознака BMW која треба да значи дека на премиерот му е потребна моќна машина на патот кон ЕУ и НАТО, заштитен елек за грбот за да го обезбеди додека тој будно останува зад воланот додека вози на интеграцискиот пат и транспарентни елечиња за неговиот тим, за да не заборават на транспарентноста која ја ветија при изборот.

Иако стопанствениците тврдат дека најсимпатично ќе беше Азески да одговори дали сеуште смета дека Анѓушев е идеалниот избор за вицепремиер по низата скандали во кои тендерски “испра” милиони државни евра за своите приватни компании.

Сликовита и со посебна порака беше и најавата на трибината кога Азески ги праша премиерот Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за мислење дали Македонија кон НАТО и ЕУ треба да се движи со брзина од 50 километри на час како „веспа“ или со 150 километри на час како мотор од типот БМВ на што премиерот одговори дека „тоа можеме да го постигнеме само со брзи мотори, односно со брзо движење на целата економија. Целта е по влегувањето во ЕУ и НАТО да возиме со голема брзина“.

Македонија мора да направи квантен скок, да се качи на мотор од 1.600 кубика за да ја забрза својата перспектива, а тоа е можно само ако стане членка на НАТО и ЕУ. Верувам дека ќе успееме. Ова прашање е многу важно за сите, за земјава генерално, за граѓаните, но и за бизнисот. Не е исто да имате пазар од околу 1,5 милиони и пазар од 500 милиони жители – рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.