Експлозијата се случила синоќа околу 20:40 часот по локално време во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот „Змејски брод“.

Објавил: Мате Парлоф | 22 јуни, 2023 9:24

Страшна експлозија во Кина: Најмалку 31 лице загина, седум се повредени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 31 лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас што се случи во ресторан во северозападна Кина.

Експлозијата се случила синоќа околу 20:40 часот по локално време во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот „Змејски брод“.

Една жена за локалните медиуми изјавила дека била на околу 50 метри од ресторанот кога слушнала силен звук. Рекла дека од ресторанот почнал да излегува чад, додека во воздухот се чувствува силен мирис на готвење, пишува „Аваз“.

Таа додала дека од зградата по експлозијата истрчале двајца келнери и дека едниот веднаш паднал на земја.

На неколку лица им била укажана помош поради изгореници и исекотини од скршено стакло.

Несреќата е под истрага.

Кинескиот претседател Си Џинпинг бара повредените да добијат сеопфатен третман и да се изврши безбедносна проверка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести