Тешка сообраќајна несреќа се случи во Скопје синоќа околу 01:00 часот, помеѓу две патнички возила.

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2019 17:18

Страшна сообраќајна несреќа во Скопје- такси возило удри во автомобил!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Скопје синоќа околу 01:00 часот, помеѓу две патнички возила.

Во СВР Скопје, синоќа околу 01:00 часот било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „БМВ 320 ЦИ“ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од Ј.П.(38) од Скопје, и друго такси возило „Фолксфаген Пасат,  управувано од Г.П.(48) од Скопје.

Во тешката несреќа со сериозни повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А.(18) и уште едно лице на возраст од 14 години, кои со возило на Итна медицинска помош веднаш биле пренесени во клиниките „Мајка Тереза“.

Петнаесет лица биле со полесни повреди во 12 од вкупно 33 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 21 несреќа била причинета  голема материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...