Кога во ЕУ медиуми ќе биде објавен скандал за криминал , убиство или дрога, тогаш се вжештуваат телефоните и се оргира да не се објавува дека се Албанци, тогаш Албанците се „Македонци, Срби, Хрвати„ но никако Албанци!

Објавил: Едмонд Бекири | 9 јануари, 2019 20:40

СТРАШНО- Младите Албанци искрени: Мразиме се што е македонско!

Фото/Текст извор: ©Sport1.mk / Magazin

Не помина ни еден месец по скандалозното видео платено од македонското Министерството за култура за промоција на Македонија преку глорификација на навивачката група „Балисти“, фановите на Шкендија прават нов скандал со искажување неверојатни антимакедонски ставови во интервју за италијански онлајн-магазин.

Дали е крајно време македонските политичари со  албанско потекло да  посветат повеќе време на Албанскиот етникум?Нели тие се залагаат за соживот и европски вредности? Ова ли се тие европски вредности, константно да се вреѓа Македонскиот Народ? Нели треба младите да се почитуваат едни со други?

Викендов шок во еден италијански медиум.

Под наслов „Не нѐ викајте Македонци“, анонимни водачи на „Балисти“ искажуваат еден куп шовинистички изјави и говор на омраза насочени кон македонската држава и народ, објави македонскиот портал sport1.mk

Дека младите Албанци имаат голема омраза спрема своите сограѓани и голема доза на омраза спрема својата држава Македонија се шпекулира но да се излезе со националистичка реторика која поттикнува на национална омраза во еден европски медиум е повеќе од скандалозно и жално. Скандалозно бидејќи истата таа држава ги плаќа и училишта во кои тие учат, а жално бидејќи и по скоро триесет години албанските политичари не направија ни „А„ за интегрирање на албанскиот етникум. Македонија е тука и нема да оди никаде, Охридско езеро е на југот од Македонија и тоа е непромостливо  , нели е ред да им се каже дека тие се Македонци со албанско потекло, наместо во име на криминалите кои ги прават со години?

Албанија е држава за себе и нема никаква допирна точка со Македонија освен истиот меридијан , слична клима и местоположба на соседи

 Под наслов „Не нѐ викајте Македонци“, анонимни водачи на „Балисти“ искажуваат еден куп шовинистички изјави и говор на омраза насочени кон македонската држава и народ.

»Мразиме сѐ што е македонско и на Македонците им посакуваме сѐ најлошо« е реториката која најсилно одекнува читајќи го написот во магазинот „Ривиста„

 Државата во која живеат и во која се натпреварува нивниот клуб ја викаат Илирида (Македнија не постои), и постојано ги величаат националистичките идеи за формирање Голема Албанија. Во интервјуто го споменуваат и Вардар, својот, како што и самите велат, најголем конкурент како и навивачите на овој тип, популарните Комити

„За Комитите сме олицетворение на стравот (мислат на навивачката група Комити од Скопје), секогаш кога ќе го слушнат зборов ‘Балисти’ не можат да спијат со денови. Тие се Македонци и се потпомогнати од македонската власт. Се мразиме едни со други“, велат претставниците на „Балисти“.


Само пред еден месец беше промовирано видео со пари токму од истата држава која за нив не постои. До кога македонските власти ќе толерираат да се разгорува националистичката реторика на младите Албанци, родени , одраснати и школувани во Република Македонија. 

И да е трагедијата  уште поголема, според извори од група млади Албанци, родителите на повеќе од половината навивачи на Балистите потекнуваат од соседно Косово.  Истото она Косово за чии граѓани, Во 1999 Македонија  ширум ги отвори вратите за време на косовската воена криза,  а повеќе од 150 илјади Албанци од Косово не се вратија назад и по скратена постапка добија Македонски државјанства. Со тој потег значително се промени демографската слика во Македонија и точно од тој потег сега и највероватно Македонските генерации ќе страдаат од ненаситниот Албански иредентизам или пак точно дефиниран како „Косоваризам„?. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.