Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

Објавил: Мате Парлоф | 25 октомври, 2022 16:15

Стрелките на часовниците ќе се поместат викендов- останува зимското сметање на времето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето.

Иницијативата да не се менува летната часовната зона, односно да не се вратат стрелките на часовникот, потекна пред две недели на седница на Владата, а веќе утредента премиерот Димитар Ковачевски призна дека тој преферира да остане летното сметање на времето. Неколку дена подоцна министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на министерството му биле потребни и консулстации со МАНУ и Бирото за метеорологија. Веројатно и по тие консултации е дојдено до сознанието дека е подобро да остане зимското сметање на времето.

Инаку, Македонија е во зоната „Гринич +1“, а со менување на часовната зона во „Гринич +2“ би влегла во источно – европската временска зона во која се Бугарија, Грција, Романија и други држави. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести