понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое ја забрани продажбата на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 12:58

Судот забрани продажба на книгата на Андов во која го обвинува Фрчкоски за атентатот на Глигоров

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поради повреда на личните права на Љубомир Фрчковски, денес Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое ја забрани продажбата на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“. Во книгата авторот Стојан Андов директно го посочува Љубомир Фрчкоски, кој во тоа време е на позицијата министер за внатрешни работи, како можен организатор на атентатот на првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров.

Ирена Фрчкоска, адвокатот кој го застапуваше Фрчковски, за порталот Либертас ја потврди веста, дека судот денес донел вакво решение, и изрекол забрана за понатамошна продажба и располагање со книгата на Андов.Таа вели дека во книгата има клевети кон тужителот.

– Имено, книгата содржи шокантно клеветничка содржина, од најексплицитен вид досега напишана, со која е извршена тешка повреда на личните права на тужителот, повреда на неговиот чест и углед како граѓанин. Сметаме дека штетата е веќе направена со самото објавување на книгата, нејзино пренесување и промовирање во јавноста, но на овој начин тужителот ќе добие морална сатисфакција, за делумно да се намали нанесената штета. Ова е прва одлука кај нас со која се забранува понатамошна продажба и користење на книгата и само ваква одлука во конкретниот случај е правилна и сосема основана и има за цел да ги намали последиците кои настанаа од нејзиното објавување – вели адвокатката Фрчкоска.

Решението на судот се однeсува на сите кои вршат продажба на книгата, располагаат со неа и ја нудат на користење како библиотеки, книжарници, издавачки куќи…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.