Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување, рече вчера Силјановска Давкова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2020 15:04

Силјановска: Дури и Киро Глигоров рече „Македонија е се што имаме“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска – Давкова, носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вчера на митингот во Општина Центар се пбрати до граѓаните и го честиташе македонскиот празник „Денот на борецот”, а потоа упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави за „Денот на независноста”.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.
Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме, рече Силјановска-Давкова.

Инаку Киро Глигоров беше првиот претседател на самостојна Македонија, тој имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.По успешно одржаниот референдум, Глигоров излегол на плоштадот „Македонија“ и со восхит ги поздравил насобраните граѓани.

По донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел претседателот Киро Глигоров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести