Државниот правобранител бара од Судот и Јавниот Обвинител со судска забрана да го цензурира прикажувањето на филмот на Бојаџи, затоа што ја прикажал вистината до 2001 година

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 6:32

Судот ќе одлучува за забрана на филм

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државниот правобранител пред неколку дена, на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот “Ругање со Христa” на програмата на феситвалот “Киненова Скопје”.

Во барањето се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред се на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата.

Државен правобранител до Основен суд Скопје 2:

“Со оглед на содржината на објавениот трејлер и дополнителното разгледување на сценариото на овој филм, Министерството за култура тврди дека филмот има потценувачка содржина, пред се на национална основа, и ќе поттикне верска омраза, и поделба во Република Македонија. Филмот не го промовира соживот на заедниците во земјата, а јавното објавување може да поттикне и меѓуетничка омраза, што е спротивно на јавниот интерес на граѓаните. Одлуката за привремена забрана треба да важи 30 дена по завршувањето на филмскиот фестивал.”

Во барањето до судот, кој има рок од 8 дена да се произнесе, е нотирано дека при увидот во документацијата на Агенцијата за филм било откриено дека имало неправилности во објавувањето на конкурсот за финансирање на филмските проекти. Понатаму, се вели дека Агенцијата го прекршила Правилникот за евалуација на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален карактер во филмската дејност, и принципот дека филмските продукции во рамките на овој проект треба да промовираат соживот меѓу етничките заедници.

Основниот суд Скопје 2 закажал расправа за случајот идниот вторник, а предметот и е предадена на судијката Сузана Дончевска. Државното правобранителство, исто така, го информирало и Јавното обвинителство.

Државен правобранител до Јавен обвинител, Љубомир Јовески:

Министерството за култура поднесе барање до правобранителството за да се предложи привремена мерка за Здружението “Арт Синема” – забрана за јавно емитување на филмот „Ругање со Христa“ во режија на Јани Бојаџи и во продукција на Орион Продакшн заедно со примероци на Службениот весник и извештај од разгледувањето – ревизијата во Агенцијата за филм. Ви го доставуваме барањето со документите за ваше натамошно постапување”.

Во случај на потврдување на неправилностите во постапката одговорните може да се соочат со тужби, или враќање на средствата добиени за снимање на филмот кој содржи сцени во кои припадници на ОНА вршат насилства и силувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...