Забранетиот филм на Јани Бојаџи го освојува светот

Објавил: Стефан Каневче | 7 февруари, 2019 23:04

“Ругање со Христос“ ќе се прикажува и во Америка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонскиот филмски режисер Јани Бојаџи чиј филм „Ругање со Христос“ беше цензуриран од Министерот за култура Адеми, после успешните прикажувања во Австралија, се сели во Америка, открива Бојаџи на својот фејсбук профил.

Драги мои, честитки за „европските и евро-атланските„ вредности! Плафон сте! Повеќе од ова се единствено небото и ѕвездата Северница која само што не блеснала за да ги осветли сите ваши епохални достигнувања во културата и уметноста на северната република!“ Знаев дека сте бесна дива сурија готова да каса на се што е нормално и здраво и се што е наспроти вас и вашиот примитивизам, својствен на исфрустрирани и груби селанчишта прва генерација донесени во град! Абе знаев! Но иако го кажав и напишав неколкупати, мислев дека сепак, ама сепак дека нема белким до толку, систематски и по книга да не уништувате – чекор по чекор?! Ова ли беше „Mein Kampf-от“ на вашата Шарена Борба против режимот другарки и другари „левичари„?! Се плашам дека не е! Ужасно се плашам дека откако ќе расчистите со нас уметниците – вашиот ѕверски бес ќе го излиете на улица, врз секого што ќе се обиде да застане на патот на ова лудило, гнев и примитивизам на кој ќе ви позавидат сите адолфи, франковци и батисти со кои ќе си ги пополнувате споменарите во пеколoт од газот на историјата каде што ќе завршите на крајот од ова „Опера за пет гроша“! Ви ветувам дека ќе бидам таму тој ден, за да ве „кадросам“ како се давите во остатоците од мизеријата која ќе остане зад вас! Знам дека таа смрдлива реа ќе биде неподнослива, ама, така е тоа со гнојот на општеството! Мора да се види и помириса за да не му се дозволи никогаш повеќе, ама овој пат никогаш повеќе – да не се врати! И на крајот, да не ве лаже умот дека сме се уплашиле. Борбата продолжува! Ќе снимаме филмови, ќе правиме театарски претстави и филмски фестивали. Наспроти се! И наспроти вас!

П.С. Џабе се мачите со мене! Филмот “Ругање со Христос“ од Австралија се сели во Америка. На 15 ти Февруари во Детроит а на 03 Март во Вашингтон. Утре и официјално ќе споделиме со ОМД! Поздрав од Мелбурн, Викторија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.