Нема информација дали останувањето на Џафери на челното место во парламентот значи дека нема да има ротирачки премиер и дека Зоран Заев ќе ја води Владата до следните парламентарни избори!

Објавил: Владо Марин | 18 август, 2020 6:23

Талат Џафери останува претседател на Собранието, изборот најверојатно в среда

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Засега не се открива каква распределба на ресорите во Владата договориле СДСМ и ДУИ!

Нема информација дали останувањето на Џафери на челното место во парламентот значи дека нема да има ротирачки премиер и дека Зоран Заев ќе ја води Владата до следните парламентарни избори!

Талат Џафери и во овој мандат ќе раководи со Собранието, дознава „360 степени“. Ова е дел од политичкиот договор меѓу коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, и ДУИ за заедничко владеење во следните четири години, кој треба да биде допрецизиран утре од лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Продолжението на конститутивната седница на чиј дневен ред е и избор на претседател на Собранието се планира за в среда (19 август). Ако утре падне конечен договор, мандатарот Зоран Заев до крајот на неделата би ги доставил до парламентот предлог-составот на новата влада и програмата за нејзина работа.

Сигнал за тоа дека преговорите меѓу коалицијата „Можеме“ и ДУИ се во завршна фаза е и информацијата дека СДСМ за в среда закажале седници на Извршниот и на Централниот одбор, кои треба да го одобрат политичкиот договор за парламентарно мнозинство и владина коалиција со ДУИ.

Засега не се открива каква распределба на ресорите во Владата договориле или договараат СДСМ и ДУИ. Нема информација ниту дали останувањето на Талат Џафери, кадар на ДУИ, на челното место во парламентот значи дека нема да има ротирачки премиер и дека Зоран Заев ќе ја води Владата до следните парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести