Џафери повторно по свое убедување го крши Деловникот на Собранието

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 11:25

Талат Џафери сам си закажа седница на Комисијата за надворешна политика?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако седницата на Комисијата за надворешна политика која беше во своето продолжение закажана за денес а уредно презакажана од страна на претседателот – пратеникот Антонијо Милошоски – Талат Џафери одлучи дека седница сепак ќе има и дека тој сам ќе ја води.

Џафери во координација со Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија Цветанка Иванова и пратеничката Ивана Туферџиќ – која не е ни заменик на претседателот на комисијата а ни нејзин претседател за денес во 11:30 часот спротивно од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија закажаа седница на Комисијата за надворешна политика.

Претседателот на Комисијата – Милошоски само го пренесе оригиналниот документ за уредно одложување со краток коментар: “Зборувајте ми за демократија – закони и владеење на правото. #Бојкотирам.”

Односот на Џафери кон законодавниот дом одамна е јасен. Непознавањето на правото на пратеничката Туферџиќ можеби е и оправдано но истакнат правни како Иванова не би смеел да го поддржи ваквото кршење на Деловникот на македонскиот парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика