Сепак дали е ова само договор под мотото евњ ти обезбедување, полиција, а после кас ќе те нападнам . Да нсможеш да веруваш колку малоумна ја прави истиов овој Таче макесонската Јавност. Ако сакал тој да глуми остар политичар се знае тоа како се прави.

Објавил: Македонка Димкин | 22 август, 2023 14:23

ТАЧЕ ГО “РАСТУРИЛ” КУРТИ ВО АТИНА! Вучиќ воодушевен од настапот на македонскиот премиер

Фото/Текст извор: ©Плус Инфо

Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – рекол српскиот претседател Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за српските медиуми изјавил дека единствено македонскиот премиер Димитар Ковачевски остро и критички зборувал против премиерот на Косово Албин Курти за време на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.

Вучиќ посочил дека на средбата во Атина премиерот Ковачевски жестоко реагирал на она што Курти го направил во Тетово.

Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – рекол српскиот претседател Вучиќ.

Косовскиот премиер Курти неодамна беше во контроверзна приватна посета на Тетово и на Чаир, за време на која беа игнорирани македонските државни симболи, а во иконографијата се појави и знаме на Голема Албанија. Курти присуствуваше и на свечено преименување на улицата Втора македонска бригада во Чаир во улица Адем Демачи.

Сепак дали е ова само договор под мотото еве ти обезбедување, полиција, а после јас ќе те нападнам? . Да неможеш да веруваш колку малоумна ја прави истиов овој Таче македонската Јавност. Ако сакал тој да глуми остар политичар се знае тоа како се прави, забрана за влез и чао – вели нашиот соработник Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.