Претседателот во оставка на ДПА, Мендух Тачи, откако стана владин партнер, со иста реторика како и сите, ако нема НАТО интеграции со ново име, во Македонија ќе има војна

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 9:04

Тачи: Ако Македонија не се интегрира во НАТО се може да заврши со војна

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Претседателот во оставка на ДПА, Мендух Тачи, појасни што е неговата политичка прогноза по основ на успешнота на референдумот за промена на името, која е витална за ЕУ а особено НАТО интеграциите.

Тачи истакна:

Ова е сериозно прашање, не е прашање на карти. Јас никого не сакам да исплашам, ниту еден граѓанин, но имам морална обврска да ја кажам вистината.

Прашањето на интегрирањето на Македонија во НАТО, е прашање од исклучителна важност. Јас имам политичко разбирање за хистеричното политичко однесување, кога едниот на другиот му вели предавник. Но оваа работа може да заврши со војна.

И апелирам до сите лидери без разлика на кои политички кампови припаѓаат, оваа е демократија, да им ја кажат вистината на својот народ. Она што се случува без престан во Украина, е директно рефлектирање на судирот на геостратешките интереси. И ние овде во ниту еден момент не треба да ги лажеме нашите граѓани. Тоа што Mакедонија е мултиетничка, уште повеќе ја комплицијара ситуацијата – рече Тачи.

Тачи посочи дека е исклучително внимателен со оваа негова изјава за да не биде сватено како провокација тоа што тој го зборува.

И ова е исклучително важно за да не бидиме цинични. Јас сум многу внимателен, за ова да не се сфати како провокација, но ова се апелите кои треба да ги слушне и македонскиот народ – изјави Мендух Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.