"Џеби" е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993-та година, во кој до сега загинаа над 8 лица а повредени се над 200 жители од регионот на Осака и Кјото

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 8:34

Тајфунот Џеби усмрти осум лица во Јапонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во силниот тајфун Џеби кој денеска го погоди западниот дел на Јапонија загинаа најмалку осум луѓе, а над 200 се повредени.

Поради силното невреме во прекин е копнениот и воздушниот сообраќај, а илјадници луѓе се заглавени.

Маж на околу 70 години загина откако, најверојатно ветерот го одува од неговиот стан во Осака. Според полицијата уште пет лица загинаа во истата префектура откако биле погодени од предмети кои летале или паѓаче од нивните станови.

Во префектурара Шига загина 71-годишен маж откако врз него се урна зграда врз него, а друг маж загина откако паднал од покров во префектурата Мие.

Над 200 лица се повредени, од кои најголем број на станица во градот Кјото откако ветерот урнал стаклен свод.

– Ветровите дуваа толку силно што танкер урди во мост кој го поврзува аеродромот со копното. И мостот и танкерот се оштетени, но никој од 11 членови на екипажот не се повредени, соопшпти јапонската крајбрежна стража.

Тајфунот Џеби го поплави и меѓународниот аеродром Кансаи во градот Осака, поради што аеродромот е затворен.

Јапонските авиокомпании поради тајфунот откажаа се околу 700 полети, а исто така е ограничено движењето на брзите возови. Без електрична енергија останаа околу 1,6 милиони домаќинства во Осака, во Кјото и четирите префектури во близина.

– Во префектурата Хјого, во Нишиноми околу сто автомобили во продавница на брегот се запалија откако морска вода допре до електричните системи, соопшти противпожарната служба.

Во регионот Кинки во прекин е воздушниот и железничкиот сообраќај.

Тајфунот Џоби ги оштети и древните храмови во Кјото, во Нари и во Шиги.

Категоризиран како „многу силен“, Џеби е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993 година.

Тајфунот се движи кон север преку јапонскиот остров Хоншу, кон Јапонско Море. Се очекува тајфунот да се движи западно од Хокаидо да ослабне на ниво на екстратропски циклон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести