Портпаролот на полицијата Раж Кумар наведе дека авионот се лизнал од пистата и удрил во хеликоптер "Manang er" (Manang air).

Објавил: admin@magazin | 15 април, 2019 16:53

ТЕШКА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО НЕПАЛ- Авион се лизна од писта и удри во хелихоптер, има мртви !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вчера во попладневните часови загинаа најмалку 3 лица, а четири се повредени кога мал авион на полетувањето од аеродром во Непал во областа Монт Еверест се удри во паркиран хеликоптер.

Најмалку 3 лица загинаа откако авион од компанијата “Samit er” (Summit Air) вчера во попладневните часови се обидел да полета од аеродром во Непал. При полетувањето тој се лизнал од пистата и удрил во паркиран хеликоптер.

Портпаролот на полицијата Раж Кумар наведе дека авионот се лизнал од пистата и удрил во хеликоптер “Manang er” (Manang air).

Двете компании се приватни, ги услужуваат туристите во оддалечените области во земјата.

Портпаролот на полицијата Раж Кумар наведе дека авионот се лизнал од пистата и удрил во хеликоптер “Manang er” (Manang air).

Повредените со хеликоптер се пренесени во Катманда, рече портпаролот на Непалската полиција. Тој додаде дека полициски тимови стигнале до местото на несреќата и дека кординираале со големи напори да спречат избивање на поголем пожар на аеродромот.

Помеѓу загинатите се пилотот на авионот и двајца полицајци кои биле во близина на паркираниот хеликоптер. 

Цивилниот управник на аеродромот рече дека четири патници и еден член на екипажот во авионот се безбедни. После тешката несреќа властите привремено го затворија аеродромот, преку кој се патува за Монт Еверест.

Овој аеродром кој се наоѓа на висина од 2.845 метри, а често се збори за него дека е еден од најопасните во светот поради кратката должина на пистата и тешкиот пристап. Отворен е само за хеликоптери и мали авиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...