Петмесечното бебе е задржено на лекување

Објавил: admin@magazin | 14 јули, 2018 13:18

Тешко повредено бебе во сообраќајка во Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пет месечно бебе е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје на улицата Коце Металец.

Бебето е пренесено во клиниките „Мајка Тереза“ каде што е задржано на лекување.

Полицијата соопшти дека бебето за време на несреќата се наоѓало во „цитроен” со скопски регистарски ознаки со кој управувал од М.Т. (38). Другиот автомобил „форд фиеста” кој учествувал во судирот го управуал Е.Н. (36) двајцата од Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.