Тимоние истакна дека не треба да се избрзува со оценки. Тој вели Македонија не треба да избрзува со одлуката дека е модел и пример за регионот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 17:16

Тимоние: Не избрзувајте со оценки дека сте држава модел и пример за регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кристијан Тимоние, францускиот амбасадор во Македонија  денеска на прес-конференција ја разјасни позицијата на неговата земја по ветото на Самитот во Брисел за Македонија и Албанија.

Тимоние ги отфрли тврдењата дека францускиот претседател Емануел Макрон бил осамен во блокадата на почетокот на преговорите на Самитот.

Тимоние истакна дека не треба да се избрзува со оценки. Тој вели Македонија не треба да избрзува со одлуката дека е модел и пример за регионот.

На денешната прес-конференција во Скопје, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги отфрли тврдењата дека францускиот претседател Емануел Макрон бил осамен во блокадата на почетокот на преговорите на Самитот.

„Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ги префрлија на други да ги исполнат“, рече Тимоние. Тој објаснуваше дека во јавноста се создавал впечаток дека Преспанскиот договор ќе биде доволен за почеток на преговорите, но Франција поставувала и други услови кои биле игнорирани.Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат”, појасни Тимоние.

Францускиот амбасадор потенцираше дека во пресрет на самитот на ЕУ се правеле „маркетиншки трикови” за да се добие впечаток дека земјата ги исполнила сите задачи за да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.