Алијанса за Албанците и Беса се партии кои со помош на ДУИ се распаднаа, но во Собранието имаат пет пратеници со што гласањето уставни измени е на "стаклени нозе"

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 8:59

Тиранската платформа мора да се спроведе, Заев тоа го знае

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанските опозициски партии ја нарекоа цинична изјавата на премиерот Заев во врска со нивните амандмани за унапредувањето на правната положба на Албанците во Уставот.

Алијансата за Албанците и Движењето Беса на Билал Касами велат дека нема да се откажат од амандманите, додека изјавата на Заев дека ваквите барања се како Пандорина кутија, ја нарекуваат тенденциозна.

Според нив сегашниот Устав не ги задоволувал барањата на Албанците.

Тоа е тенденциозна, па дури и цинична изјава. Сметаме дека Уставот на Македонија не ги исполнува барањата на Албанците. Тоа не е отворање на Пандорината кутија.

Премиерот Заев кој беше избран и со гласови на Албанците, не смее барањата на Албанците да ги смета како зло кое излегло од Пандорината кутија. – рече Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.

Партиите кои имаат пет пратенички мандати, јасно посочуваат дека уцени нема, но ако нивните амандмани не се имплементираат во пакетот доставен од Владата, тие  нема да ги поддржат.

Ако премиерот Заев смета дека ова ќе биде отворање на Пандорината кутија, тогаш Движењето Беса сака да го потсети него и јавноста дека токму бај пас политиката прави отворените прашања да бидат горливи и тие само ја преполнуваат Пандорината кутија. Заев ја прифати Тиранската платформа, сега нека ја реализира. – рече Билал Касами од Беса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести