Јачината на земјотресот беше 2.9 степени според Рихтер а се почувствувал во Карловац и делови од Загреб.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 9:16

ТЛОТО НЕ МИРУВА: Регистрирани 15 нови земјотреси- епицентарот се поместува на север

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотресот по Албанија ја погоди и БИХ, Црна Гора а вчера вечер ја затресе и Хрватска.

Епицентарот на земјотресот се померува на Север.

Јачината на земјотресот беше 2.9 степени според Рихтер а се почувствувал во Карловац и делови од Загреб.

По низата потреси во Албанија кои два дена го тресат тлото на Балканот може да се забележи дека епицентарот се поместува кон Север.

Според сеизмолошката служба вчера во 20.17 се почувствувал слаб земјотрес во близина на Карловац. 

Дека тлото се тресеше цела вечер покажуваат и податоците објавени на страницата на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека од синоќа во 19 часот до изутринава се регистрирани 15 земјотреси во регионот, од кои најголем број се во Јадранското море и во Албанија, а се трешеше тлото и во Грција и во Хрватска. Евидентирани се земјотреси и во Романија.

Според Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) четири земјотреси за помалку од половина час биле регисирани во соседна Албанија каде веќе два дена се трага по преживеани, а црниот биланс на жртви денеска достигна до 35. Вчера за среќа биле почувствувани помали земјотреси од кои првиот од серијата е во 23.50 со јачина од 4,5 степени по рихтер и вториот само 2 минути подоцна со јачина од 4,4 степени. Следните два земјотреси се регистрирани на 2 минути по полноќ со јачина од 3,7 степени и вториот десетина минути подоцна со јачина од 3 степени.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.