И Тозија, и министерството за култура, го цензурираа филмот на Јани Бојаџи,само врз основ на насловот и плакатот, што е срамен чин во културата

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 13:39

Тозија почна да цензурира филмови: Филмот на Јани Бојаџи повредувал нечии чувства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм, инаку познат по аферите со недвижности во Загреб налик на скопски ФИКОМ (еден стан го продал на двајца купувачи) овојпат повторно се впушта во содржинската осуда на филм, чија продукција е комплетно цензурирана.

Тозија веќе има уништено неколку започнати проекти, со едноставно објаснување дека имал идеолошки забелешки на сценариото.

Сведоците од Хрватска кои го потврдија ваквиот негов однос како директор на Агенцијата за Филм, која би требала да биде политички независна, сведочеа за ваквиот негив пристап пред камера, пред која Тозија одби да даде објаснување.

Деновиве, уште еден филм е жртва на неговото самоволие, за што од Агенцијата за Филм стигнува многу дискутабилно објаснување:

Иако и насловот и постерот на Јани Бојаџи изгледаат провокативно, уметничкиот доем и инспирација, како и филмската приказна, никаде не е земена во предвид, затоа што никој не ја ни објаснил како причина за цензурата.

Агенцијата за Филм е независна институција од Министерството за култура, и заедно ги осудуваме решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството во врска со, како што велат, скандалозниот филм „Ругање со Христос“, финансиран од Aгенцијата за филм во 2015. година.

Од Министерството информираат дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...