Мала драма на политичката сцена во САД, додека Трамп најави оставка на амбасадорката во ОН, таа ја достави веднаш, по што истата од страна на претседателот беше прифатена

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 9:53

Трамп го напуштаат и амбасадорите на САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по најавата дека амбасадорката во Обединетите Нации можеби ќе си замине од функцијата, ја доби нејзината оставка.

Имено првочно Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека постојаната преставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Ники Хејли кон крајот на годината ќе ја напушти функцијата во ОН.

Во меѓувреме, Хејли која ја објави својата оставка како постојана преставничка на САД во ОН, соопшти дека нема да се кандидира на претседателските избори 2020 година.

Трамп веднаш ја прифати оставката на Хејли на местото амбасадорка на САД во ОН.

Хејли и Трамп се обратија во Овалниот кабинет при што Трамп изјави дека во наредните недели ќе номинира некого на местото на Хејли.

Потсетуваме, Хејли во септември наведе во текстот за весникот “Њујорк Тајмс” изјави дека “не се согласува со претседателот за се”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести