„Ме нападнаа Албанци под дејство на алкохол и дрога“

Објавил: admin@magazin | 23 јуни, 2018 13:00

Тројца приведени за претепување на поранешниот пратеник Стојко Пауновски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во врска со нападот врз директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски и неговиот син синоќа во Тетово, од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведени се три лица – едно на возраст од 18 и две на возраст од 20 години.

„На 22.06.2018 од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведен е В.О (20) од Тетово, а во полициска станица извршен е разговор и со А.Б (20) од Тетово и И.В(18) од Тетово во врска со случајот пријавен од С.П. (56) дека истиот ден околу 02.10 часот во угостителски објект три непознати лица физички го нападнале неговиот син Н.П.(23). По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во полицискиот билтен.

Претходно, Пауновски на неговиот фејсбук профил објави дека тој и син му не биле нападнати во угостителски објект, туку пред нивната зграда од група Албанци под дејство на дрога и алкохол, без никаков повод.

„Ниту син ми беше во угостителски објект, ниту на инцидентот претходеше кавга за паркинг место. Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас. За жал, подебелиот крај го извлековме ние двајца“, напиша Пауновски, кој е поранешен пратеник од редовите на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...