Уредниците на порталите кои вчера ја објавија веста за експлозија во претседателската вила „Вила Горица“ во Подгорица се товарат дека предизвикале паника во јавноста и објавиле лажни вести без при тоа да ја проверат веродостојноста на информациите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 14:33

Уапсени уредниците на порталите кои објавија лажни вести за експлозија во претседателската вила во Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ се уапсени денеска во Подгорица поради сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири.

Ѓукановиќ е долгогодишен претседател на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, првенствено црногорска бранша на Југословенската комунистичка партија, која ја води Црна Гора од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Уредниците на порталите кои вчера ја објавија веста за експлозија во претседателската вила „Вила Горица“ во Подгорица се товарат дека предизвикале паника во јавноста и објавиле лажни вести без при тоа да ја проверат веродостојноста на информациите.

„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. 

Порталите „Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија на трафостаницата која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Мило Ѓукановиќ е претседател на Црна Гора. Тој отслужи три последователни мандати како премиер од 1991 до 1998 година ( 1991-1993, 1993-1996 и 1996-1998) , а беше и тогашен претседател од 1998 до 2002 година и повторно премиер во 2003год. до 2008 год. Иако при крајот на 2006год. тој одлучи да се повлече, во февруари 2008год. се врати на функција како премиер. Неговата коалиција победи на изборите во 2009год. со целосно мнозинство обезбедувајќи го шестиот мандат. Тој се повлече од функција како премиер во декември 2010год.

Тој е контроверзен поради неговата улога во деведесетите години и поради постојаното високо ниво на влијателност во политичкиот живот на Црна Гора. Кога Џуканович на млади години се појави на политичката сцена беше бизок соработник на Слободан Милошевич. Меѓутоа во 1996год. се сврти против Милошевич, ги напушти традиционалните заеднички српско – црногорски гледишта во прилог на независна идеологија.Го предвиде преминувањето на Федерална Република Југославија во Државна заедница на Србиа и Црна Гора и порастот на црногорското отцепување од Србиа, кулминирајќи во победа во 2006год. со референдумот на независност.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.