ФБИ соопшти дека се истражуваат опасно потенцијални хемикалии во Логан што се наоѓа на околу 100 км од Солт Лејк Сити

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 11:55

Уапсен маж осомничен за испраќање писма со рициново семе до Трамп и Пентагон

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ФБИ го октри и уапси лицето кое според законите на САД извршило кривично дело, обид за убиство на претседателот и министерот за одбрана.

Американец од државата Јута е приведен поради сомненија дека тој е човекот кој ги испратил сомнителните писма со рициново семе до претседателот Доналд Трамп и до министерот за одбрана Џејмс Матис.

Осомничениот е поранешен припадник од военоморските сили на САД.

Бил познат на властите заради испраќање закани и ширење конспиративни теории.

ФБИ соопшти дека се истражуваат опасно потенцијални хемикалии во Логан што се наоѓа на околу 100 км од Солт Лејк Сити.

Првично имаше сомненија дека во писмата има рицин, најсилен отров на растителна основа, но подоцна беше утврдено дека во писмата има рициново семе од кое се прави рицин за кој нема противотров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести