Претседателот на САД, според политичкиот тестамент на покојниот поранешен претседател, Буш постариот, смее да биде присутен на погребот, но не смее да има обраќање

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 11:02

Трамп не го сакаат ни мртвите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, половично е поштеден од јавниот срам, уште еден истакнат политичар да не го “покани” на својот погреб.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на државниот погреб на Џорџ Буш постариот, ќе присуствува, но нема да има говор.

Тоа е првпат во речиси половина век актуелен претседател да не зборува на погреб на некој од претходниците.

Последен пат тоа се случило во 1973 година кога Ричард Никосн беше „прескокнат“ на погребот на Линдон Џонсон.

Погреб на поранешни претседатели се планира со години однапред до најситни детали. Буш кој силно веруваше во дигнитетот на претседателската функција се согласи да ја чува традицијата, и не го изостави актуелниот претседател од пописот на присутни, иако тоа било во неколку официјални верзии на тестаментот.

Трамп е во судир со фамилијата Буш откако го победи поранешниот гувернер од Флорида, Џеб Буш, втор син на 41. претседател во натпреварот за републиканска претседателска номинација.

Тогаш Џеб го нарече слабак без енергија, а неговиот постар брат, 43. претседател го обвини за „најлошата одлука во историјата“, инвазијата врз Ирак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести