Филип се уште закрепнува и е надвор од животна опасност,  а неговиот татко револтиран на соијалните мрежи постојано повикува на правда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2019 11:39

Помогнете ми злосторниците да добијат казна- прободениот Филип со молба до сведоците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мерки за обезбедување присуство добија лицата А.Ц. и Ј.Ц,, од судијата кој постапуваше по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. Инаку таткто на прободеното момче Гоце Филиповски, побара мерка притвор за напаѓачите на неговиот син Филип кој по инцидентот во скопската дискотека во Марино, изгуби бубрег,слезина и 2 литри крв.

Таткото на Филип револтиран од пресудата за напаѓачите на неговиот син

Филип се уште закрепнува и е надвор од животна опасност, а неговиот татко револтиран на социјалните мрежи постојано повикува на правда.

„Прочитав вчера дека судијата не одреди мерка притвор на лицата што се обидоа да го убијат мојот син Филип Филиповски, Замислете на син ми му извадија бубрег, слезина, изгуби 2 литри крв, лекарите после операцијата ми соопштија дека шансите да преживее се 50-50 и сето тоа не беше доволно на „СУДИЈАТ“ да определи мерка притвор. Очекувам дека КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ќе ја исправи непрадвата и лицата што се обидоа да му го одземат животот на мојот син ќе ја добијат заслужената казна – се огласи таткото на Филип, Гоце Филиповски кој бесен на одлуката на судијата кажа дека очекува дека Обинителството ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите. Тоа што нема притвор искрено и беше очекувано, сепак позицијата на родителот влијаела на „СУДИЈАТА“. И покрај одлуката на „СУДИЈАТА“ му посакувам никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував чекајќи пред операционата сала 4 часа, исчекување дали ќе си го видам детето повторно живо, болката господин „СУДИЈА“ е страшна, органите ги загуби засекогаш и мора останатиот дел од животот да се бори, за разлика од него сторителите претпоставувам си уживаат во нормалниот живот здрави и среќни. Очекувам дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите – напиша Филипоски.

За нападот врз Филип се осомничени браќата Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.

Инаку Филип Филиповски побара помош од оние кои биле сведоци на инцидентот, и ги виделе напаѓачите поради кои тој остана без бубрег и слезина. Тој на својот Фејсбук профил се обрати до сите кои го виделе крвничкиот напад таа вечер на 23 март.

„Ке ве замолам до сите присутни на вечерта кога бев избоден на влезот од дискотеката на било кој што го виде како Александар крвнички ме боде и проба да ме убие, да излезе заедно со мене и да помогне да даде изјава, да ја каже вистината што се сличи. Не барам ништо повеќе. Затоа што ова може да му се случи на било кој од вас, знам дека сте прод притисок и чисто ве замолувам ако има некојј таков помогнете ми злосторниците да си ја добијат правадата, доколку било кој од вас а верувам дека има многу што го видеа настанот сака да придонесе злосторниците да си го добијат заслуженото нека ми пише слободно, стои на Фејсбук профилот на Филип.„

Инаку и неговиот татко денеска се обрати до сведоците и револтиран вели како може мирно да спијат после ваков инцидент.
Сакам да ги прашам лицата што го виделе обидот за убиство на мојот син а што молчат,спиете ли мирно,какво е чувството да знаеш кој е сторителот а да молчиш,треба ли и на тебе да ти се случи такво нешто за да реагираш, ви посакувам добро здравје и долг живот на вас и вашите семејства како и да е ќе мора да се живеете со тоа дека сте заштитиле убиец, напиша Гоце на својот Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести