Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека се повредени 1.684 лица, од кои 116 се деца.

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 март, 2022 5:44

Украинското Министерство објави нов извештај – во руската агресија досега се убиени 16 деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинското Министерство за внатрешни работи објави нов извештај за цивилните украински жртви во екот на руската агресија, која влезе во петтиот ден.

Според извештајот на украинското Министерство за внатрешни работи, во напад на руските воени сили досега се убиени 352 украински цивили, меѓу кои 16 деца.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека се повредени 1.684 лица, од кои 116 се деца.

Во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува оти следните 24 часа ќе бидат клучен период за Украина бидејќи борбите продолжуваат во целата земја.

За време на разговорот, Џонсон го пофали лидерството на Зеленски од почетокот на руската инвазија, според портпаролот на британската влада.

Џонсон додаде дека Велика Британија ќе направи сѐ што може за да обезбеди одбранбената помош на Обединетото Кралство и нејзините сојузници да стигне до Украина.

Двајцата лидери се согласија да останат во близок контакт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...