По повод годишнината од терористичкиот напад во Диво насеље, во чест на загинатите припадници на МВР, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура Почесен круг.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 мај, 2019 11:33

Утре 150 велосипедисти ќе возат во чест на загинатите специјалци во Диво насеље

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера навршија 4 години од терористичката акција во кумановско Диво насеље, каде животот го изгубија осум македонски херои.

По повод годишнината од терористичкиот напад во Диво насеље, во чест на загинатите припадници на МВР, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“, на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти на релација Куманово-Гостивар.

Пред четири години Македонија загуби 8 херои: Терористичкиот акт од Диво насеље и натаму без судски епилог

Според информациите за јавноста, меморијалната велосипетска тура ќе започне во 7 часот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во село Студеничани, „Камник“, село Стајковци, гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, село Брвеница“, во продолжение по автопатот до село Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофреквентни крстосници.

МВР апелира заради непречено одвивање на настанот,  граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.