Адвокатите на осудените кои ги издржуваат своите затворски казни во Македонија, во очекување на второстепената одлука, бараат Косово да покрене иницијатива за нивна екстрадиција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2019 17:19

Адвокатите на “Кумановската Група“ затвореници го поздравуваат барањето на Харадинај за екстрадиција во Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера косовскиот премиер во оставка Рамуш Хардинај истакна дека осудените лица за Диво Насеље да бидат екстрадирани откако ќе заврши судската постапка, во затвор во Косово, адвокатите на членовите на Кумановската Групата го поздравија ваквиот предлог.

Адвокатите на осудените кои ги издржуваат своите затворски казни во Македонија, во очекување на второстепената одлука, бараат Косово да покрене иницијатива за нивна екстрадиција.

Пред четири години Македонија загуби 8 херои: Терористичкиот акт од Диво насеље и натаму без судски епилог

Адвокатот Насер Рауфи истакна дека косовската држава не треба да чека премногу долго за да побара екстрадиција, бидејќи постапката за жалби може да трае со години. Како решение, Рауфи нуди две опции: – Без оглед дали се враѓа случајот, или одиме на расправа во Врховниот суд, секако временскиот интервал ќе биде помеѓу 4 и 6 години.

Адвокатката Артене Исени која е во одбрана на некои затвореници од случајот Куманово истакна дека освен екстрадирадиција, бара преквалификација на кривичното дело и намалување на казните.

– Понатамошниот притвор во македонските затвори на момците од Косово не исполнува никаква цел предвидена со македонските закони, првата казната и втората ресоцијализацијата. Овие момци се казнети според законот и секако македонските затвори немаат што да понудат за нивната социјализација, туку напротив им штети на нивното здравје. Екстрадицијата во Косово ќе биде најдобро решение заедно со преквалификација на кривични дела и намалување на казните, рече Артене Исени, адвокат на некои затвореници од случајот Куманово.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.