На терен најчесто се "барателите" глас "За" на референдумот, оние кои се за бојкот се помалку застапени но затоа пак ја имаат огромната поддршка во ставот за претстојниот референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 7:52

Уште шест дена до референдумот, мнозинството ќе бојкотира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

 Уште шест дена останаа до одржување на референдумот. Додека поддржувачите на Договорот за името со Грција се активно на терен и бараат глас ЗА повеќе, и дел од потесното раководство на ВМРО – ДПМНЕ  се изјасни дали на 30ти сптември ќе отидат на избирачките места и дали ќе гласаат.

Во меѓувреме продолжува меѓународната дипломатската офанзива во земјава, а интензивно работи и Државната изборна комисија. Со периодичен извештај од набљудувањето на референдумската кампања излезе и граѓанската асоцијација МОСТ која и даде позитивни забелешки на ДИК.

Во набљудуваниот период ДИК работеше во колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно, што е за поздравување.

Исто така, позитивно се оценува и транспарентноста на работата на ДИК, имајќи предвид дека првпат сите седници се јавни и за првпат се почитува обврската од Изборниот законик за редовно објавување на записниците од седниците на Интернет.

Сепак субјектите кои пропагираат граѓаните да не гласаат на референдумот имаат значително помал процент на активности иако се појасно станува дека огромен процент од граѓаните веќе се решиле за оваа опција.

МОСТ ги повикува граѓаните да се информираат за референдумот.

МОСТ ги охрабрува сите граѓани да се информираат за секој аспект од референдумот, активно да се вклучат во носењето одлуки и својот глас да го дадат согласно нивното лично уверување и волја. Секаков притисок, уцена или заплашување на граѓаните се спротивни на демократските вредности и принципи.

Но ратификацијата на Договорот се проблематизира и во Грција. Коалициските партнери во грчката влада, Aлексис Ципрас и Панос Каменос во март следната година повторно ќе разговараат.

Грчката државна агенција, повикувајќи се на владини извори пишува дека Ципрас и Каменос се согласиле дека во “овој момент она што е најважно за земјата е обединетоста и политичката стабилност”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.