Владите на ЕУ ветија на ова прашање ќе му се посветат во јуни 2019. година

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 12:50

Фајненшал Тајмс: Димитров ќе ги задржи за следната година

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фајненшал Тајмс во неделниот бриф за случувањата во Еврозоната пишува за последните случувања околу датумот за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и оти тие ќе бидат поместени за следната година, наместо годинава, како што ветуваше премиерот Зоран Заев.

Весникот пишува дека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе треба да си ги задржи доматите до следната година, откако вети дека на сите оние кои ќе ја поддржат земјава ќе им испрати домати.

-Преговорите на Македонија околу членството во Европската унија беа одложени за 12 месеци во компромисен одраз на скептицизмот за проширувањето од Франција и Холандија. Владите на ЕУ ветија на ова прашање ќе му се посветат во јуни 2019. година – по изборите во Европскиот парламент. Македонскиот министер за надворешни работи – кој вети домати во замена за напредок – ќе мора да ги задржи уште малку, пишува Фајненшал Тајмс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.