Обвинителката Фета од Специјалното Јавно Обвинителство, пред Кривичниот суд, јавно, ги исмејува обвинетите со контатации за кои разумен судија би и изрекол парична казна

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 11:42

Фетаи со навреди за осомничен: “Како тргнал и тој ќе забремени”

Фото/Текст извор: ©макфах.ком.мк/магазин.мк

Обвинителката од Специјалното јвно обвинителство (СЈО) Фатиме Фетаи побара итно издвојување на постапката на обвинетиот за насилствата во Општина Центар во 2013 година.

Реакцијата на Фетаи уследи бидејќи и денес не дојде на судењето за насилства и шамари во Центар обвинетиот Митко Пецов.

“Постојано е болен, повреден. Сега скршил прешлен што ќе заздравел за 1 месец. Во иднина, можеме да очекуваме дека ќе забремени. Предлагам да се издвои Митко Пецов од оваа постапка.” – рече Фетаи.

Судијата Душан Јосифов донесе одлука да го издвои во посебна постапка Пецов и да го продолжи судењето на кое обвинетиот Груевски пак доцнеше.

Ако не се издвоеше постапката, судењето кое трае и се влече 2 години, ќе треба да се одложи и влегува во опасност да застари.

Обвинителката Фета не беше предупредена за недоличното однесување пред судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.