Министерот посочи дека ние мора да научиме да живееме со вирусот, а воедно и дека мора да се почитуваат мерките за заштита. До пронаоѓање на вакцина сите избори ќе се спроведуваат со протокол, рече тој.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2020 11:13

Филипче: Изборите ќе се спроведуваат по претходно утврден протокол!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во гостување на ТВ 1, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во моментот располагаат со сосема доволна количина на заштитна опрема за сите лекари. Тој посочи дека државата има доволно заштитна опрема и за сите членови на избирачките одбори кои би требало да ги спроведат изборите закажани на 15 јули. 

Министерот за здравство во вчерашното гостување во ТВ21,  истакна  дека направен е широк пристап на тестирање на, со што се детектираат и асимптоматски преносители.

-Комисијата за заразни болести изработи протоколи на барање на претседателот на дражавата кој по лидерските средби побара протокол како би се извеле изборите. Можам да кажам дека тој протокол е протокол кој што практично се базира на истите принципи за организација на било каков настан, без разлика дали е во надворешни или внатрешни услови кај што се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца – посочи Филипче.

Министерот посочи дека ние мора да научиме да живееме со вирусот, а воедно и дека мора да се почитуваат мерките за заштита. До пронаоѓање на вакцина сите избори ќе се спроведуваат со протокол, рече тој.

-Пред нас е период во кој што ние мора да научиме да живееме со вирусот и протоколите важат еве сега и за рестораните кои што ги отворивме, важат и за сите организатори на различни семинари, автошколи кои почнаа со работа, спортски настани, тренизни базени, пред нас е период од многу повеќе од една година во кој што се што ке се спроведе ќе има одреден протокол – рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести