Филип Петровски бара поддршка од Груевски

Објавил: Узунов Бобан | 2 февруари, 2019 23:05

Филип Петровски побара поддршка за претседател од Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира„ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски преку својот Фејсбук профил побара од екс премиерот Никола Груевски да застане зад неговата кадидатура за претседател. Тој го прозва Груевски за поддршка затоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  би била кандидат на СОРОС и роднина на Мицковски со тоа алудирајќи на Гордана Силјановска- Давкова за која се појавија информации на некои портали дека била ангажирана на проекти на СОРОС пред многу години. 

-Го повикувам Груевски јавно да застане зад мојата кандидатура за Претседател на Република Македонија. После се негова негација би бил кандидат на ДПМНЕ од СОРОС кој е во роднински врски со Мицковски. Ајде Груевски осмели се и исправи ја твојата неправда кон мене од Валандовскиот Конгрес, напиша Петровски  

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“

Со оваа порака Филип Петровски испраќа порака до Груевски дека доколку Гордана Силјановска-Давкова биде кандидат за претседател тоа би било негова негација затоа што токму Груевски за време на протестите кои се одржуваа пред Државната изборна комисија после изборите во декември 2016 година отвори кампања против СОРОС и неговите инсталации во Македонија.   

Единствена Македонија и Јанко Бачев застанаа зад кандидатурата на Петровски водејќи се како што изјавија единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести