Граѓани и негови комшии до порталот испратиле фотографии како портпаролот на СДСМ, влегува во висококатницата. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 април, 2019 12:12

(ФОТО)Дали портпаролот на СДСМ, Костадинов се подновил со стан во „Џевахир“ кој го крие во анкетниот лист?!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Костадин Костадинов,младиот порпарол на СДСМ и пратеник во Собранието, често пати говори за непотизам, но и  обвинува одредени функционери дека не пријавиле одреден имот кој го поседуваат во анкетен лист.

Но како што пренесува Економски Лидер, изгледа дека токму тој поседува стан во висококатниците на „Џевахир“ во Аеродром.

Граѓани и негови комшии до порталот испратиле фотографии како портпаролот на СДСМ, влегува во висококатницата. Како што пишува Економски Лидер токму тој крие стан во луксузните висококатници во Аеродром.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов е портпарол на СДСМ, од ноември минатата година. Костадинов е роден во Струмица, во март 1990 година, а според неговата официјална биографија има завршено Економски факултет на Универзитетот ФОН. ФОТО: Економски Лидер

Граѓаните кои своите тврдења ги поткрепиел со фотографија за Лидер, изјавиле дека Костадинов секојдневно влегува во една од зградите на „Џевахир“ и тоа константно неколку месеци по ред.

Веќе неколку месеци по ред го гледаме како секојдневно влегува и излегува од една од зградите на Џевахир, поточна зградата насловена А. Соседите велат дека тука си купил стан. Па се прашуваме, како толку млад успеал да собере пари? – велат за Лидер загрижените граѓани.

Од порталот успеале да дојдат до информација дека Костадинов воопшто го нема пријавено овој стан во неговиот анкетен лист.

Како што пишуваат, од приложеното може да се забележи дека тој нема пријавено никаков стан, дали и тој по примерот на неговите колеги од СДСМ решил да го затскрие имотот од ДКСК и од очите на граѓаните.

Инаку не е сигурно дали станот е на Костадинов, или пак тој со месеци оди во посета на некој кој живее токму во овие висококатници.

 

Извор: Економски Лидер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.