Како што објави порталот тие стигнале до фотографија на која автобусот во сопственост на „Дурмо турс“ вози со гума која само што не испаднала. Автобусот испуштал и задушлив мирис на чад. Фотографијата е направена во центарот на Скопје, на крстосницата пред Владата. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 19:18

ФОТО: Гумата само што не паднала а автобусот на „Дурмо турс“ вози низ Скопје- дали и ова е исправен автобус според сопственикот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава порталот Република објави загрижувачка фотографија на која може да се забележи неисправен автобус на компанијата „Дурмо турс“.

Како што објави порталот тие стигнале до фотографија на која автобусот во сопственост на „Дурмо турс“ вози со гума која само што не испаднала. Автобусот испуштал и задушлив мирис на чад. Фотографијата е направена во центарот на Скопје, на крстосницата пред Владата. 

Автобус на Дурмо Турс со искривено тркало вози низ Скопје…

Како што објави Република, станува збор за автобус во кој се превезуваат патници на релација Гостивар-Скопје, а поминал технички преглед.

Дали и ова е уште еден исправен автобус на компанијата која тврди дека нејзините автобуси поминуваат редовни технички прегледи два пати во годината, и се прегледуваат секогаш пред да заминат на пат. 

За потсетување пред неполни четири месеци Македонија беше завиена во црно, токму откако во автобус на оваа компанија загинаа дури 16 патници кои се возеле на релација Гостивар- Скопје.  Автобусот вкупно превезувал 51 патник, сите од Гостивар.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 16 лица.

Во меѓувреме, од затворски во домашен притвор отидоа првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести