Вештакот се надоврза и на тоа дека оградата е направена според стандардите  во 1998 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 12:32

Вештак за несреќата кај Ласкарци: Оградата е правена според ЈУ стандарди, не би го задржала автобусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжи судењето за сообраќајката кај Ласкарци. Вештакот кој сведочеше рече дека заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово на делницата на местото на несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ која е поставена во 2000 година, била во согласност со тогашните стандарди, и дека не би го задржала автобусот.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. 

Вештакот се надоврза и на тоа дека оградата е направена според стандардите  во 1998 година.

Генерално пропустите, се при проектирањето што нема детали за столпчето, дистанцерот и поставеноста на оградата во однос на автопатот, додека при изведувањето, е тоа што има недоволна притегнатост на оградата и нејзините делови.Пропусти има и при одржувањето каде е дозволена корозија и не е држена во кондиција.Од сите анализи и доколку немало вакви пропусти таа не би успеала да го задржи автобусот, рече вештакот.

Вештакот рече дека испитувањата за квалитетот и издржливоста на оградата, биле направени во Машинскиот факултет во Скопје.

– Хемискиот состав на заштитната ограда бил во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештакот.Од проектната документација има многу малку податоци за заштитната ограда, освен дека е избрана еднострана заштитна ограда. Во прилог има уште еден документ дека е избрана еластична заштитна ограда тип „Слобода“, изјави вештакот.

Страотната автобуска несреќа се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, а загинаа 16 лица, и 37 беа потешко повредени. За несреќата се обвинети шест лица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести