Бебенцето кое ја имаше улогата на Дениз, во приватноста се вика Арвен Берен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 15:35

ФОТО: Малечкото бебенце од “Карасевда” порасна- еве како изгледа денес малата Дениз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите обожаватели на популарната турската серија „Карасевда“,  сигурно го познаваат и преслаткото бебенце на главните актери во серијата Кемал и Нихан.

Инстаграм профилот на малата Арвен, го уредува нејзината мајка Лејла

Во втората сезона заљубениот пар кој всушност има забранета љубов, за која се бори целиот живот, ја добиваат ќеркучката Дениз, чие вистинско име е Арвен Берен.

Вистинските родители на преслатката Дениз се Лејла и Онур Кушатман

Од снимањето на серијата поминаа неколку години, а бебенцето кое ја имаше улогата на Дениз, во приватноста се вика Арвен Берен.

Инаку серијата од епизода во епизода стануваше се понеизвесна и поинтересна за гледачите, а најголема желба на заљубениот пар беше да имаат ќерка, која на крај ги освои срцата на сите обожаватели, со преслатка насмевка.

Преслаткото бебенце со убава насмевка, денес има речиси четири години и е мегаѕвездичка во Турција. Нејзиното име е Арвен Берен Кушатман а е родена е на 19 мај 2016 година.

Нејзинте родители Лејла и Онур Кушатман почнале веднаш да објавуваат фотографии од бебето, па така Арвен преку ноќ станала популарна на социјалните мрежи, па така на Инстаграм веќе има 883 000 следбеници. Но за нејзината популарност е , пресудна улогата во „Карасевда“.

Малата Дениз денеска има речиси четири години

Еве ако изгледаше малата Дениз во филмот Карасевда. Оние кои сакаат да видат повеже фотографии од малата Арвен, чиј Инстаграм профил го води нејзината мајка Лејла, можат да видат ОВДЕ.

Инаку серијата Карасевда го освои Балканот и го проби ледот за балканските серии, кога се во прашање светските телевизиски награди. Имено, серијата во категоријата во која беше номинирана, ја освои на светско ново престижната ЕМИ награда за играна серија за 2017 та година. 

Прекрасните ликови на Нихан и неверојатно привлечниот Кемал кој остава без здив многу женски обожавателки најверојатно беа пресудни за гледаноста која ја достигна оваа серија и кај нас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.