Кралската двојка денеска одржа официјалната прес-конференција и фотографирање за медиумите, каде позираа заедно со нивното новородено бебе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 18:36

ФОТО: По само два дена од раѓањето кралската двојка го покажа принцот пред светот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меган и Хари пред два дена станаа родители на здраво машко детенце. Пресреќниот пар денеска во јавноста го покажа малиот принц.

Кралската двојка денеска одржа официјалната прес-конференција и фотографирање за медиумите, каде позираа заедно со нивното новородено бебе.

Во дворецот Виндзор принцот Хари и сопругата Меган првпат го покажаа новороденчето и дадоа кратки изјави за новинарите.

Меган Маркл, инсистирала на фотографирањето да присуствува и американска телевизија, и тоа посебно Гејли Кинг, позната новинарка од „Си-Би-Ес“ и нејзина блиска пријателка .

Според пишувањата на медиумите, интересно е тоа што синот на Хари и Меган Маркл е единствен на светот кој може да стане и британски крал и американски претседател. Синот на Хари и Меган конкурира и за британскиот престол, но има шест противкандидати. Сепак, мали се шансите детето еден да стане крал, но историчарите предупредуваа дека во британската историја не е необичен случајот редот да се прескокне.

Инаку за време на породувањето, Хари се покажа како многу храбар, и присуствуваше на породувањето на неговата сопруга. Нивното бебе е тешко 3.3 кг, а ова е прво дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во мај минатата година.

Според пишувањата на медиумите бебето ќе го крсти познатиот актер Џорџ Клуни со кого се родени во ист ден, но тој се уште не се огласил по ваквите озборувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.