Флоријан Бибер: Франција ја менува Грција во противењето на македонските интеграции

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 14:50

Франција ќе стане новата Грција за Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер.

„Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО“ вели Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“.

„Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува понатаму Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина. Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе и даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името“ вели Бибер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.