По исклучувањето од прославата за одбележување на 17 години од Охридскиот рамковен договор, Лика се скара со Бухар Османи и веќе три месеци се нема појавено на работа

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 11:07

Хазби Лика, министер за по дома

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Граѓанско демократската унија обвини дека вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, не оди на работа но зема министерска плата.

Според партијата, партиска книшка, а не стручност и образование, е критериумот за вработување и напредување во администрацијата.

И додека администрацијата си се полни со партиски послушници, а директор се станува според партиски заслуги, рамковните административци си останаа недопирливи печалбари во странство.

Па и вицепремиерот Хазби Лика пред неколку месеци разбравме дека не одел на работа и од кога се појавија овие информации, го нема и да се појави во јавноста, да каже што правиме со овој проблем што се провлекува низ годините. – велат од партијата.

Од таму го прашуваат Лика врз основа на што рамковните административци добиваат плата, но и тој како министер?

Што се случи со операцијата за активирање на овие луѓе? Или ги активирате само за избори? Крајно време е да и одговорите на јавноста.

Министерот Манчевски, пак, им дава рок уште, ако не нашле во одреден временски рок соодветен ангажман, а не кажува колкав е тој рок, дури тогаш ќе се презело нешто. Од кога го слушаме ова и пак ништо, плата од македонскиот буџет секој месец си легнува на нивна сметка. – велат од партијата.

Хазби Лика алијас командант Чела на работа од извори од Владата на Македонија не оди од прославата за Охридскиот рамковен договор, кој е под негова надлежност за имплементација, а која ја презеде вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, по што следела жолчна расправа.

Командант Чела е македонски политичар, поранешен член на терористичка ОВК и ОНА и поранешен градоначалник на Тетово.  Во 2003 година од СДСМ бил назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.

Лика бил командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад масакрот на македонските безбедносни сили во Вејце. 

Бил градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.