Министерот одговорен за спроведување на Одлуките од Рамковниот Охридски Договор е навреден што министерот за евроинтеграции Османи смета дека настанот е под негов ресор

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 13:28

Хазби Лика не се појави на одбележувањето од Рамковниот договор на Бујар Османи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика не се појави на одбележувањето на 17-годишнината од Рамковниот договор денеска во Клубот на пратеници во Скопје.

Ова е епилогот откако годинава за првпат манифестација за годишницата за Рамковниот договор ја организира Секретаријатот за европски прашања наместо оној за Рамковниот договор што нема логика и зошто истата се нарекува прослава а не одбележување.

Официјално од Владата порачаа дека тоа е така оти темата се евроинтеграциите. Сепак неофицијално позадината е кавгата помеѓу Хазби Лика и Али Ахмети што не е прв пат.

Лика не одговарана телефонските повици за да одговори зошто не дојде на одбележувањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести