Заев тврди дека има обезбедено 81 пратенички мандат, ВМРО - ДПМНЕ соопштуваат дека тоа е лага и вест за зголемен притисок, Џафери го одложи почетокот на седницата за 15 часот

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 14:22

Хаотично во Собранието, седницата презакажана за 15 часот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според информации од политичките партии, во Собранието на Македонија вистински хаос, пратничките групи официјално заседаваат, пратениците се координираат а има и бројни средби за убедувања и притисок од власта.

Имено Седницата за пристапување кон уставните измени не започна во 12 часот, прво затоа што владеачкото т.н. мнозинство не обезбеди кворум за гласање.

Потоа следеа интерни инструкции и координации, особено за тоа дали да се продолжи со 20-те преостанати пријавени дискутанти и гласањето да се одложи за следната среда или веднаш да се прејде на гласање, како и што побара пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Неофицилано во СДСМ и коалицијата се појавиле пратеници кои не сакале да бидат први, и кои барале гаранции од Заев дека има обезбедено 2/3 мнозинство т.е. 81 пратенички глас во поддршка, затоа што сметале дека ако гласаат а уставните измени не поминат, ќе се соочат со гневот на своите гласачи.

Од ВМРО – ДПМНЕ неофицијално брифираат дека на нивни пратеници освен пари веќе им се доставувале и закани и уцени, од затвор за пратениците до откази за целото потесно семејство.

Од партијата информираат дека засега сите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ се против уставните измени и дека Заев можеби со уцени од коалицоните партнери обезбедил до 75 пратенички мандати во поддршка, без да прецизираат за кои пратеници се работи.

Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија и јавно од говорницата се изјасни дека ќе ги поддржи уставните измени.

Џафери не сака да одговори дали седницата ќе заврши со гласање или истото ќе го одложи за среда, откако дополнителен притисок ќе изврши и високиот претставник од САД, Метју Палмер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести